Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Премиерлигашот Њукасл се вклучи во трката за италијанскиот репрезентативец Николо Заниоло и постои голема шанса да го украде пред италијанските гиганти.
Милан и Јувентус сакаа да го купат Заниоло, но не сакаа да потрошат 50 милиони евра колку што бараше Рома за неговиот потпис.
Овој 23-годишен фудбалер има договор со Рома до 2024 година, но нема преговори за нова соработка и тоа сака да го искористи Њукасл кој може да му понуди повисока плата.
Њукасл подготвил понуда која ќе ја испрати во јануари и се надева дека ќе го добие талентираниот Италијанец пред да потпише за некој друг тим.