Иван Ракитиќ презема нова функцијата во Хајдук

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит денеска соопшти дека поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Ракитиќ, ја презеде функцијата технички директор на клубот.

Во новата улога, 37-годишниот Ракитиќ ќе биде еден од соработниците на спортскиот директор Горан Вучевиќ, а како што истакна, целосно е посветен на новите предизвици.

– Благодарен сум на претседателот Иван Билиќ и спортскиот директор Горан Вучевиќ за дадената доверба. Сакам да му помогнам на Хајдук и тоа е мојата единствена цел и мотивација во овој момент. Подготвен сум да работам и да го дадам најдоброто од себе за клубот да напредува, а Хајдук ќе го има на располагање моето знаење, искуство и контакти во светот на фудбалот. На навивачите можам да им порачам дека истото залагање и труд што ги давав како играч, можат да ги очекуваат и сега во оваа нова улога – изјави Ракитиќ.

Фото: Принтскрин