Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ е многу тажен во Барселона во последните неколку седмици, а тоа го призна и јавно.
Тој во неодамнешниот разговор за Movistar изјави дека се чуствува како девојче на кое му е одземена играчката. После еден хуманитарен натпревар во Картагена новинарите побараа од тренерот Ернесто Валверде да ја искоментира изјавата на Иван.
Тој беше многу краток.
„Ракитиќ е како девојче на кое му е одземена играчката? Немам коментар на зборовите на Иван“, кажа Валверде.
Ракитиќ во Барселона е преку пет години, но оваа сезона се најде во немилост на тренерот со оглед на многу силната конкуренција во везниот ред.
Така Хрватот има одиграно само 197 минути во досегашниот дел на Ла Лига што секако не го задоволува вкусот на играчот кој може да игра во секој европски клуб.
Заради тоа Ракитиќ во зимскиот преоден рок најверојатно ќе се одлучи за трансфер.
Тој пред Барса играше за Базел, Шалке и Севиља.