Иванишевиќ кажа кого би тренирал во иднина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ даде интервју за „Спортклуб“ и откри детали од прекинот на соработката со Новак Ѓоковиќ.

Иванишевиќ кажа дека ќе направи мала пауза, по која би можел да се врати на работа, но веќе знае и кого би тренирал во иднина.

„Дел од мене чека да го пренесам тоа што го научив на некој друг, но ќе почекам до септември. Го тренирав најдобриот во свет и освоив сè. Би сакал да соработувам со некој помлад кој треба да стане голем играч. Дино Прижмиќ? Можеби, тој е еден од опциите“, кажа Иванишевиќ.