Иванишевиќ кажа кои тенисери можат да го запрат Алкараз на Ју-Ес Опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ смета дека Карлос Алкараз ќе биде фаворит за освојување на титулата на Ју-Ес Опен.

Алкараз неодамна во пет сета го совлада Ѓоковиќ на Вимблдон, но Иванишевиќ смета дека Србинот е еден од тенисерите кои можат да го запрат талентираниот Шпанец.

„Јаник Синер и Новак се единствените кои можат да го запрат. Играта на Синер не му одговара на Алкараз. И Медведев е одличен тенисер и може да му направи проблеми ако има свој ден. Останатите конкуренти се млади момчиња“, кажа Иванишевиќ.

Турнирот во САД ќе се игра од 28 август до 10 септември.