Иванишевиќ откри зошто Ѓоковиќ разочара во Монте Карло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше прв фаворит за освојување на турнирот во Монте Карло, но на крајот само ги разочара навивачите затоа што го загуби првиот натпревар.

Неговиот тренер Горан Иванишевиќ даде објаснување за поразот на Србинот, кој бил болен пред доаѓањето во Монако.

„Ѓоковиќ беше болен пред да дојде во Монте Карло. Тој не беше во можност да го даде максимумот на теренот. Имаше психички проблеми. Искрено, не очекував добар резултат на турниров, но тој се подготвува за Ролан Гарос“, вели Иванишевиќ.

Ѓоковиќ можеби загуби во Монте Карло, но ја зголеми предноста пред Данил Медведев на АТП-листата и сега таа изнесува 110 поени.