Иванишевиќ повеќе не му е тренер на Ѓоковиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повеќе нема да соработува со тренерот Горан Иванишевиќ и тоа го потврди преку социјалните мрежи.

По шест години, Ѓоковиќ и Иванишевиќ решија да ја завршат соработкат, а засега не се познати причините за оваа одлука.

„Се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим во 2018 година. Работата со него ми помогна да го подобрам сервисот, а ми донесе и радост, среќа и прво место на ранг-листата, но и 12 гренслем-титули. Пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Имавме подеми и падови на теренот, на нашето семејство ќе остане засекогаш“, напиша Ѓоковиќ.

Иванишевиќ претходно во кариерата ги тренираше Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Милан Раониќ.