Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ го освои 24. гренслем-трофеј во кариерата, откако во финалето на Ју-Ес Опен славеше со 3-0 во сетови, односно 6-3, 7-6 и 6-3.
Неговиот тренер Горан Иванишевиќ по титулата за Србинот ги изненади сите со неговата порака.
„Не ми е лесно, гренслем-финале е гренслем-финале, сакаш да играш добро и да победиш. Можеше да биде и поинаку. Ми недостигаше овој Ју-Ес опен со него, сега можам да дадам отказ, имам сè со него. Не гледам иднина, морам на операција на коленото“, кажа Иванишевиќ.