Иванишевиќ заработува богатство од Ѓоковиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ го тренира Новак Ѓоковиќ, а медиумите од регионот пишуваа за тоа колку пари заработува од најдобриот тенисер во светот.

„Национал“ објави дека Иванишевиќ месечно заработува и до 40.000 евра од Ѓоковиќ, а дел од оваа сума е фиксна, додека остатокот зависи од резултатите на Србинот.

Иванишевиќ, наводно, добива и 10 отсто од паричните награди на секој освоен гренслем на Ѓоковиќ и тоа дополнително ја зголемува неговата заработка.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ соработуваат од јуни 2019 година.