Ивановски ја заврши годината на 326. место, а Ѓорческа на 213. позиција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на најновата АТП-листа се наоѓа ан 326. место на кое ќе ја заврши 2023 година, додека најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заврши на 213. позиција на ВТА-листата.

Ивановски има големи амбиции за следната сезона, а во моментов се подготвува во Дубаи каде што имаше тренинзи со Новак Ѓоковиќ.

Македонскиот тенисер на почетокот на следната недела ќе настапи на челинџер-турнир во Португалија каде што ќе ја отвори сезоната.

Ѓорческа има скок од три позиции на ВТА-листата и годината ја заврши на 213. позиција во сингл-конкуренција.

Македонската тенисерка ќе ја отвори сезоната со настап во квалификациите за Австралијан опен во Мелбурн.