Ивановски ќе игра осминафинале на челинџерот во Јокохама


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оствари голема победа против Белгиецот Зизу Бергс и се пласира во осминафинале на челинџерот во Јокохама.

Ивановски најпрво успешно ги помина квалификациите за турнирот, а потоа славеше против 152. тенисер на АТП-листата.

Првиот сет му припадна на Ивановски со убедливи 6-1, по што Бергс го доби следниот со 7-5, а на крајот македонскиот тенисер го освои третиот сет со 6-2.

Ивановски во следното коло ќе се соочи против Лука Нарди од Италија.