Ивановски ќе игра во главната фаза на турнирот во Јокохама


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласира во главната фаза на турнирот во Јокохама, откако во второто квалификациско коло беше подобар од Кинезот Јан Баи.

Кинезот се повлече по голема борба во два сета. Баи првиот сет го доби со 6-4, а потоа Македонецот славеше со 7-5 во вториот сет. Сепак, ривалот на Ивановски немаше сила за трет сет.

Ивановски ќе се бори против Белгиецот Зизу Бергс во првото коло на турнирот во Јапонија.