Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски веќе некое време е надвор од тениските терени поради повреда, а сега направи операција на колкот.
Ивановски се мачеше со повредата од почетокот на сезоната, а во март годинава објави дека ќе оди на операција, по што се очекува негово враќање на теренот во октомври.
Македонскиот тенисер преку социјалните мрежи соопшти дека имал успешна операција и порача дека ќе се врати посилен.