Ивановски падна 12 места на АТП-листата, а Ѓорческа напредуваше една позиција на ВТА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски на најновата ранг-листа на АТП доживеа пад од 12 позиции и се наоѓа на 341. место со 139 поени.

Ивановски има осум поени помалку од претходната недела и токму тоа беше причината за падот на АТП-листата.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа скокна за една позиција на ВТА-листата, па сега се наоѓа на 242. место со 312 поени.