Ивановски постави нов национален рекорд (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на Европското првенство (ЕП) во Рим.

Ивановски го заврши полумаратонот за време од 1.04,01 и така го подобри неговото време за 44 секунди (1.04.45).

Атлетичарот со овој резултат заврши на 29. позиција во полумаратонот од вкупно 64 учесници, додека првото место му припадна на Јеманеберхан Крипта.