Ивановски повторно се врати на 305. позиција на АТП-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски се врати на најдобриот пласман во кариерата, односно 305. место на АТП-листата.

Ивановски имаше добар настап на челинџерот во Јокохама каде што ги мина квалификациите и настапи во главната фаза.

Горазд Србљак падна за седум позиции и сега се наоѓа на 1047. место, додека Обрад Марковски во моментов е на 1463. позиција на АТП-листата.

Пад имаше и најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа која од денеска е на 197. место, додека Магдалена Стоилковска е на 1265. позиција.