Ивановски се пласира во полуфинале во Тунис


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди финале на турнирот во Монастир, Тунис, откако денеска славеше со 6-2 и 7-5 против Артур Букие од Франција.

Првиот сет помина во доминација на Ивановски, кој го доби со 6-2, по што Французинот даде поголем отпор во следниот сет.

Ивановски ја запиша третата победа на турнирот во Монастир, а засега нема загубено сет и во полуфинале ќе се бори против Тао Му или Федерико Јаноконе.

Македонскиот тенисер го очекува нов скок на АТП-листата, но останува да видиме до каде ќе стигне на турнирот, по што в понеделник ја очекуваме ранг-листата.