Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски тренираше со најдобриот играч во историјата, Новак Ѓоковиќ.
Ивановски доби совети од Ѓоковиќ кои треба да му помогнат да напредува уште повеќе во кариерата, а нивната дружба заврши откако Србинот замина за Париз каде што ќе игра на Мастерс-турнирот.
Македонскиот тенисер му се заблагодари на Ѓоковиќ преку социјалните мрежи.
„Учам од најдобриот. Ти благодарам Новак на тебе и на твојот тим за оваа недела“, напиша Калин.