Изгледа Артета сака фановите да го мразат: Тој сака да го продолжи договорот на омразениот играч меѓу „Топџиите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал конечно започна да игра многу подобро по многу лошиот старт на сезоната, откако се врати по паузата поради коронавирусот.

Топџиите забележаа неколку победи, и се вратија на трката за место кое води во Лигата на шампионите.

Иако ќе биде многу тешко да се фати еден од првите четири места, но и петтото место што може да доведе до ЛШ, Артета смета дека сè е процес, и подготвува измени за следната сезона.

Фановите се надеваат дека Шпанецот ќе избрка некои играчи, а меѓу нив е и Мустафи, кој игра очајно, но играше навистина одлично во последно време.

Изгледа дека Артета имаше огромно влијание врз неговата игра, што на навивачите на Арсенал, кои сакаат тој да си замине, воопшто не им се допадна.

Мустафи се врати во првиот тим, игра многу добро, а тоа би можело да значи нов договор за него затоа што неговиот сегашен истекува во 2021. година.