Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн на почетокот од неделата ги официјализираше новите засилувата, Лукас Хернандез и Бенџамин Павард, но овде нема да биде крајот.
Според извештаите од Италија, Баерн е заинтересиран за играчот на Јувентус, Жоао Кансело.
Португалскиот бек веќе некое време е на мета на Манчестер Сити, но предлогото на Граѓаните во трансферот да биде вклучен и Данило не им се допадна на Бјанконерите.
Баварците веќе контактираа со Мендеш кој го застапува Кансело и преговорите со Јувентус не би требало да бидат проблем, имајќи ги во обзир одличните односи помеѓу двата клуба.
Цел на Јуве е да добијат 60 милиони евра и првакот на Италија нема намера да ја спушти оваа цена.
Останува да се види дали во наредните денови ќе следи „контраофанзива“ од граѓаните бидејќи 25 годишникот е голема желба на Гвардиола
Кансело во Торино пристигна минатото лето, позади себе имаше добра сезона, посебно кога е во прашање играта во напад, нешто што посебно го цени Маурицио Сари кој веројатно ќе бара негово останување во тимот.