Изненадување од Лондон: Управата на Тотенхем се согласи, играчот останува во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако беше извесно заминувањето на Фернандо Љоренте од Тотенхем во летниот преоден рок како слободен агент, фудбалерот се уште би можел да има иднина во клубот од Лондон.

Од Тотенхем не ја искористија опцијата да го продолжат неговиот договор за дополнителна една година, но како што дознава „Скај Спортс“ ќе следат нови преговори и играчот би можел да остане во клубот.

34 годишниот напаѓач беше клучен во четвртфиналниот натпревар против Манчестер Сити кога го постигна одлучувачкиот погодок кој го однесе неговиот тим во полуфиналето.

Годинава искусниот шпански напаѓач сезоната ја завршува со осум погодоци и пет асистенции.