Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Искусниот везен Јаја Туре во јануари скоро сигурно ќе побара нов клуб откако му истече соработката со кинескиот ОД Хуангаи.
Тој во Кина воодушеви со игрите за Хуангаи и им помогна да влезат во првата лига, но во последното коло после само десет секунди доби директен црвен картон поради ударање на противнички играчи и сигурно ќе се опрости од настапи за овој клуб.
Туре има договор до крајот на оваа година, а во јануари ќе бара нов ангажман. Тој одлучи да го искористи одморот и да отпатува во Англика за да ги посети своите пријатели.
Овој 36 годишен фудбалер даде интервју за англиски Тајмс во кое зборуваше за својата кариера. Едно од прашањата беше да одбере кој му бил најтежок противник против кој играл, а неговиот одговор успеа да ги изненади сите.
„Играв против најдобрите играчи на светот. Некако Немања Матиќ ми беше најкомплициран. Не е брз, но и тоа како е паметем и јак. Останатите и не беа така тешки, бидејќи пред натпреварите ги гледав нивните игри и барав слабости. Но, средбите со Матиќ ме изненадуваа бидејќи не очекував дека ќе биде тешко да се игра против него“, изјави Туре.