Јанг и официјално нов фудбалер на Интер, доби само шестмесечен договор


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ешли Јанг и официјално е нов фудбалер на италијанскиот тим на Интер откако денеска го комплетираше трансферот од Манчестер Јунајтед.

Јанг на „Џузепе Меаца“ пристигна за сума од два милиони евра и потпиша договор кој има траење од само шест месеци. Сепак во договорот има клаузула и истиот може да биде продолжен на дополнителна една сезона.

Ешли Јанг по цели девет години си замина од Манчестер Јунајтед, а во новиот клуб ќе го носи дресот со број 15.