Јанис сака да игра на Олимписките игри во Париз


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо кажа дека сака да биде дел од грчката репрезентација, ако таа се пласира на Олимписките игри во Париз.

Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс ги кажа своите приоритети, а потоа зборуваше и за потенцијален настап на ОИ.

„Во моментов сакам да си ги видам децата. Потоа да играм против Вашингтон, како и да бидеме најдобри во НБА-лигата. Што се однесува до Париз и Олимписките игри, секако дека сакам да играм ако се пласираме“, кажа Јанис.

Гркот поради повреда не играше за Грција на Мундобаскетот.