Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јануарскиот преоден рок за шпанските тимови се отвора на 3 јануари, а ќе заврши на 31 јануари на полноќ, па во моментов има многу шпекулации за потенцијалните засилувања на Реал Мадрид.
Клубот бара нови засилувања за да ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига, а потоа и во елитната Лига на шампиони (ЛШ).
„Кралевите“ сакаат да го договорат Килијан Мбапе, кој на крајот на сезоната треба на слободен трансфер да дојде во Мадрид, а слична е ситуацијата со Антонио Рудигер, кој може да го очекуваат дури во јуни.
Тренерот Карло Анчелоти не сака повеќе да ги користи Герет Бејл, Марсело, Мариано Дијаз и Иско, па ќе се обиде да се ослободи од нив уште во јануари.
Слична е ситуацијата и со Еде Азар, кој добива минутажа оваа сезона, па се очекува да биде продаде следното лето.