Јапонецот Миура не се откажува – ќе игра фудбал на 54 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонскито фудбалер Казујоши Миура потпиша нов договор со Јокохама и тоа значи дека ќе игра професионален фудбал и на негови 54 години.

Миура првиот меч го одигра во далечната 1986 година во екипата на Сантос, а потоа се врати во Јапонија, каде што настапуваше голем дел од кариерата, иако имаше авантури и во Џенова и Динамо Загреб.

Во тимот на Миура е од 2005 година и за екипата одигра речиси 300 натпревари.

„Го обновив договорот со Јокохама. Минатата сезона светот беше во тешка ситуација поради короната, а сите сме среќни што повторно можеме да играме фудбал. Ми недостасуваше фудбалот и мојата страст кон него се повеќе се зголемува“, кажа Миура.