Јапонецот Масааки Такахара го засили шампионот Струга


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Македонскиот шампион Струга Трим Лум го претстави второто засилување за следната сезона, а тоа е јапонскиот фудбалер Масааки Такахара.

Фудбалерот од Јапонија во минатата сезона играше за Гостивар, но сега се сели во редовите на македонскиот првак.

Јапонецот има солидна сезона зад себе, односно беше еден од најдобрите поединци на Гостивар и одигра 27 меча, а притоа постигна еден гол.