„Јас сум претседател, играч и тренер! Единствениот проблем е што добивам само една плата“.


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ е пресреќен по неговата победа на Милан над Јувентус.

Росонерите го совладаа Јуве со неверојатен пресврт со 4:2, иако Стара дама имаше предност од 0:2, а Ибрахимовиќ го постигна првиот гол за својата екипа од пенал, по малку повеќе од еден час игра.

По натпреварот Ибра беше пресреќен и тврди дека клубот би ја освоил титулата, доколку тој порано дојде во клубот.

“Тие се среќни. Ако бев тука од почетокот на сезоната, ќе ја освоивме титулата”, рече со насмевка Ибрахимовиќ и најави веројатно заминување од Милан за еден месец.

„Имам уште еден месец да се забавувам. Моето единствено жалење е што навивачите никогаш нема да можат повторно да ме видат во живо. Зошто? Прочитајте помеѓу редови“.

Сепак, неговата возраст не му пречи и тој тврди дека игра попаметно.

„Јас сум стар, не е тајна, но возраста е само бројка. Јас играм добро, се обидувам да му помогнам на тимот. Немам повеќе физиќка спрема од претходно, но не ги испробувам работите што ги испробав на 20 години“, рече Златан, кој ги сподели своите совети за соиграчите.

Италијанските новинари се интересираа дали евентуално се подготвува за тренерска кариера, а Златан во шега на шега одговори:

„Јас сум претседател, играч и тренер! Единствениот проблем е што добивам само една плата, како играч“, додаде Ибрахимовиќ.