Јоаким Лев го напушта кормилото на Германија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јоаким Лев пристигна на чело на германската репрезентација во 2006 година, но по 15 години реши да се повлече од таа позиција.

Лев ја предводеше одлично селекцијата, со која го освои Мундијалот во Бразил во 2014 година, а имаше и други добри резултати.

Сепак, германскиот стратег реши дека по 15 години е време за нови предизвици и соопшти дека летово ќе ја напушти селекторската позиција, откако ќе заврши Европското првенство.

Овој стратег има договор на уште една година, но кажа дека е време да си замине од селекторското столче, а на негово место најверојатно ќе пристигне Јирген Клоп.