„Јокиќ е еден од најдобрите центри во историјата на НБА“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Денвер нагетс синоќа славеше против Феникс санс со 125-100 и избори финале на Западната конференција, а повторно одличен меч одигра српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Јокиќ во серијата против Феникс имаше просек од 34,5 поени, 13,2 скокови и 10,2 асистенции и поради тоа Србинот доби комплимент од Кевин Дурант.

„Секогаш имав почит кон Јокиќ. Не сум изненаден од неговите настапи. Не можам да кажам дека дознав нешто ново за него. Денвер е одличен тим, има длабочина и многу играчи играат заедно со години. Јокиќ е еден од најдобрите центри во историјата на НБА-лигата“, кажа Дурант.