„Јокиќ е како вештачка интелигенција – колку повеќе учи за вас, толку е подобар!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер нагетс загуби на почетокот на полуфиналето на Западот од Минесота, но тоа не мора ништо да значи затоа што има уште многу да се игра во плејоф серијата.

Американскиот новинар Харисон Винд даде интересен коментар по поразот на Денвер и го пофали Никола Јокиќ.

„Очекувам Јокиќ во вториот меч да биде неверојатен. Никола е како вештачка интелигенција, колку повеќе знае за вас, толку е подобар. Тој е попаметен од вашиот тренер и било кој во вашата екипа“, кажа Винд.