Јокиќ ги „попари“ Лејкерс за историја (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ блесна против Лос Анџелес Лејкерс и му помогна на Денвер нагетс за победа, при што влезе во историјата.

Јокиќ стана трет кошаркар во историјата кој успеал да оствари трипл-дабл без да промаши од поле, а притоа постигна 14 поени, 11 скокови и 16 асистенции.

Такво нешто на српскиот кошаркар му успеа и на 20 октомври 2018 година, кога против Феникс постигна 35 поени, 11 скокови и 11 асистенции.