Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерс направија чекор кон големото финале во НБА-лигата, откако поведоа со 1-0 во финалето на Западната конференција против Денвер нагетс.
Лејкерс заслужи триумф во првиот меч (126-114), зашто во последната четвртина во еден момент нивната предност изнесуваше неверојатни 27 поени.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше надвор од ритам од стартот на втората четвртина, откако Лејкерс успеаа во намерата да го испровоцираат со одбраната и рано го изнервираа.
И покрај тоа, Србинот постигна 21 поен, а на паркетот мина само 25 минути. Сепак, недостигаше негова помош во скокот, а посебно и во асистенциите.