Јокиќ има страшни бројки во јануари во НБА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да доминира на паркетите во НБА-лигата, па така против Њу Орлеанс стигна до 69. трипл-дабл во кариерата.

За Јокиќ ова е шести меч во јануари годинава во кој стигна до такво постигнување, а од него подобар бил само Вилт Чемберлејн, кој стигна до 11 трипл-дабл во март 1968 година.

Меѓутоа, Јокиќ го надмина легендарниот кошаркар по број на поени во еден месец, зашто Србинот стигна до 407 поени, 202 скокови и 129 асистенции.

„Задоволство е да се игра со него. Неговата визија на теренот, колегијалност и љубов кон играта ве мотивира. Никола ве прави да се чувствувате како на забава и потоа сè е полесно“, вели соиграчот на Јокиќ, Арон Гордон.

Денвер ќе го одигра последниот меч во јануари во ноќта меѓу 30 и 31 јануари на гости кај актуелниот шампион Милвоки бакс.