Јокиќ испиша историја – му нема рамен во НБА! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи во НБА-лигата, па во победата на Денвер против Детроит (110-105) за малку остана без трипл-дабл, односно му недостигаше само една асистенција.

Тоа не го спречи да испише историја, па така стана прв кошаркар во НБА-лигата кој во првите 500 натпревари имал повеќе од 5.000 скокови и 3.000 асистенции.

Јокиќ по 15 минути игра стигна до дабл-дабл, откако постигна 13 поени и 10 скокови а до крајот на натпреварот го полнеше кошот на противникот и го заврши мечот со 28 поени, 21 скок и девет асистенции, кои му помогнаа да се запише во историјата.