Јокиќ ја дозна казната за инцидентот со газдата на Феникс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го удри со лакт газдата на Феникс санс, по што се најавуваше жестока казна за ѕвездата на Денвер нагетс.

Јокиќ сакаше да ја земе топката од Мет Ишбија, по што го турна и притоа го удри со лакт, а судиите му доделија техничка грешка.

Судиската комисија на НБА-лигата го разгледа случајот и реши да го казни Србинот со 25.000 долари, па така Јокиќ се спаси од суспензија и ќе може да му помогне на Денвер во битката за финале на Западната конференција.

Ишбаја претходно побара од лигата да не му додели суспензија на Јокиќ затоа што смета дека немало причина за такво нешто.