Јокиќ: Не ме почитуваат? Не ми треба ничие внимание!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ кажа дека не му е потребно медиумско внимание, односно не го интересира дискусијата за тоа дали е „најнепослушниот МВП“.

Тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун неодамна кажа дека српскиот центар заслужува подобар третман, а по победата против Портланд, новинарите му поставија прашање на Јокиќ.

„Ми се допаѓа. Ако не ме почитуваат, ми се допаѓа. Ако ме почитуваат, ми се допаѓа и тоа. Не ми е потребно медиумско внимание. Само сакам да играм кошарка“, кажа Јокиќ.

Денвер го совлада Портланд со 140-108, а Јокиќ го заврши натпреварот со 20 поени, осум скокови и седум асистенции.

„Секогаш е добро кога ќе победите. Секоја победа е важна. Посебно сега поради ковид-19, повреди и останато…“, вели Србинот.