Јокиќ: Не ми се допаѓа овој живот, сакам да пијам со другарите…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во светот, Никола Јокиќ испиша историја по доаѓањето во Денвер нагетс и минатата сезона ја освои НБА-лигата.

Србинот е познат како човек кој си го живее животот по свои правила, а во разговор со својот соиграч Мајкл Портер Џуиор кажа дека не го сака овој живот и популарноста.

„Не ми се допаѓа овој живот. Ние сме само кошаркари и добри сме во тоа што го правиме. Ама медиумите се околу нас. Кога ќе ја завршам кариерата, би сакал никој да не ме познава. Сакам моите деца да ме паметат како татко, а не како кошаркар. Сакам да бидам нормален, да пијам со другарите, да си играм со децата, да јавам коњи“, вели Јокиќ.