Јокиќ одигра лош меч, но повторно беше блиску до рекорд (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денвер нагетс одигра лош натпревар и загуби од Портланд со убедливи 110-135, а Никоола Јокиќ го имаше само вториот меч во последните три сезони во кој постигна едноцифрен број на поени.

Србинот стигна до девет поени, девет скокови и девет асистенции, а тоа значеше дека му недостига по еден скок, поен и асистенција за рекорд.

Јокиќ на минатиот меч успеа да се израмни со легендарниот Вилт Чемберлен по број на трипл-дабл во кариерата, па сега двајцата имаат по 78, а тоа е најмногу за центар во НБА-лигата.

Победата на Портланд му ја обезбедија Дамиен Лилард со 31 поен и Енферни Симонс со 26 поени, додека кај Денвер најефикасен беше Ерон Гордон со 26 поени, а Мајкл Портер стигна до 15.