Јокиќ по победата против Торонто: Има еден српски збор што не се преведува (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна 35 поени во победата на Денвер нагетс со 125-119 против Торонто репторс.

Денвер во завршницата од првото полувреме губеше со 20 поени негатива, но потоа следеше неверојатен пресврт, а Јокиќ го заврши мечот со 35 поени, 17 скокови и 12 асистенции.

Јокиќ по натпреварот даде изјава за тоа како се случил пресвртот и Денвер успеал да оствари победа.

„Кога губиш со 20 поени разлика, поради гордост не сакаш да доживееш дебакл. Имаме еден збор на српски јазик, кој е тежок за превод, тоа е ‘инает’. Токму поради него го свртевме мечот“, кажа Јокиќ.