Јокиќ покажа колку е скромен со реакцијата откако испиша историја (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Никола Јокиќ оваа сезона е најдобар играч во НБА-лигата, иако не го доби МВП-признанието за регуларниот дел од сезоната.

Денвер нагетс води со 2-1 против Мајами хит во големото финале на НБА-лигата, а Јокиќ повторно доминираше на паркетот.

Јокиќ стана првиот кошаркар кој постигнал 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции на меч од големото финале, а неговата скромност ги изненади сите.

„Да бидам искрен, тоа не ми е важно. Најважна е победата на клубот“, кажа Јокиќ.