Јокиќ постави рекорд во НБА: Еден ден кога ќе го отворам плакарот… (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ блесна минатата ноќ во НБА-лигата и со 15 поени, 13 скокови и 14 асистенции го предводеше Денвер нагетс до победа, а притоа стигна до 79. трипл-дабл во кариерата и така постави рекорд.

Јокиќ го надмина легендарниот Вилт Чемберлејн по број на трипл-дабл кога станува збор за кошаркари кои играле на позицијата центар во нивните екипи.

Србинот, исто така, е на шестата позиција на вечната листа, па пред него се Леброн Џејмс, Џејсон Кид, Меџик Џонсон, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.

„Ова не е сам мој успех, туку ми помогнаа и соиграчите. Еден ден кога ќе го отворам плакарот и ќе ја пронајдам топката, сакам да се сетам на колегите со кои сум играч“, кажа скромниот Јокиќ.