Јокиќ пред осум години: Не трчам брзо, не скокам, не се гледам на колеџ… (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот новинар Херисон Винд активно ги следи настапите на Никола Јокиќ и објави едно од неговите први интервју кое српскиот центар го даде пред осум години.

Јокиќ имаше само 19 години кога даде интересно интервју за медумите, а неколку години потоа стана еден од најдобрите во НБА-лигата.

„Играм со секого. Тоа е кошарката. Шутирам кога сум слободен, додавам кога ќе биде некој друг слободен… одам чекор по чекор, како јуниор, сениор… Сериозно почнав да тренирам кошарка минатата година, но претходно играв во моето родно место по час и половина дневно. Не се гледам себеси на колеџ, таму сите скокаат и трчаат брзо. Јас не скокам, не трчам брзо, но играм еден на еден, два на два“, вели Јокиќ во интервјуто.