Јокиќ промаши шут за победа против Клиперс (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден добар натпревар против Лос Анџелес клиперс, но промаши шут за победа на Денвер нагетс.

Денвер во првиот дел од натпреварот имаше водство и од +17, но на крајот победата им припадна на Клиперс.

Јокиќ го заврши натпреварот со 36 поени, 17 скокови и 10 асистенции.

Останати резултати:

Хјустон – Голден Стејт 110-133
Њујорк – Сакраменто 120-109
Мајами – Филаделфија 105-109
Далас – Атланта 109-95