Јокиќ сам го наполни кошот на Вашингтон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден неверојатен натпревар и блесна во триумфот на Денвер нагетс против Вашингтон визардс (113-104).

Јокиќ го заврши натпреварот со 42 поени, 12 скокови, осум асистенции, две украдени топки и две блокади, додека мала помош имаше од Мари и Портер Џуниор кои постигнаа по 19 поени.

Лос Анџелес клиперс триумфираше против Бруклин нетс со 125-114, а Харден и Вестбрук заедно постигнаа дури 47 поени.

Останати резултати:

Орландо – Мајами 105-87
Хјустон – Бостон 107-116
Феникс – Индијана 117-110
Лос Анџелес Лејкерс – Портланд 134-110