Јокиќ се разигра и постигна 47 поени против Јута 🎥


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Никола Јокиќ со 47 поени го предводеше тимот на Денвер нагетс, кој ја прекина серијата од 11 победи на Јута џез (128-117).

Јокиќ играше неверојатно на паркетот и постигна 47 поени, па така го израмни својот личен рекорд, а притоа додаде 12 скокови и пет асистенции.

Вашингтон визарс во последните 12 секунди го совлада Бруклин нетс, кога влезе во серија од 8-0 и славеше со 149-146.

Резултати:

Индијана – Филаделфија 110:119
Торонто – Орландо 115:102
Вашингтон – Бруклин 149:146
Минесота – Кливленд 109:104
Денвер – Јута 128:117