Јокиќ се смири со сопственикот на Феникс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна трипл-дабл во победата на Денвер нагетс против Феникс санс, но во центар на внимание беше и поради неговиот потег кон сопственикот на ривалите.

На загревањето пред дербито, Јокиќ го забележа Мет Ишбија и со насмевка му ја подаде топката, по што се прегрнаа и се смирија по инцидентот во претходниот меч.

Србинот доби казна од 25.000 долари затоа што го удри Ишбија со лакт на  претходниот дуел, по што газдата на Феникс побара Јокиќ да не биде казнет од НБА-лигата.