Јокиќ се врати на паркетот, но Денвер загуби од најслабиот тим на Истокот (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ минатата ноќ се врати на терен по пауза од неколку натпревари и се бореше до крај, но сепак тоа не беше доволно за Денвер нагетс кој загуби од Детроит пистонс со 108-110.

Јокиќ покажа дека паузата немала никакво негативно влијание врз него, па постигна 31 поен, девет скокови и 10 асистенции, па за само еден скок остана без трипл-дабл.

На останатите натпревари Филаделфија го изненади Бруклин со 115-106, Мемфис загуби од Сакраменто со 109-113, додека Феникс го совлада Лос Анџелес Лејкерс.