Јокиќ се загрева пред меч, а во позади ечи песна на Карлеуша 🎥


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред натпреварот меѓу Денвер нагетс и Далас маверикс, односно Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, на загревањето можеше да се слушне еден познат хит од Оља Карлеуша, кој се вика „Зицер“.

Вообичаено пред натпреварите во НБА-лигата се пуштаат балкански хитови за да може да уживаат и кошаркарите од овие простори.

Јокиќ имаше одличен меч со 27 поени, 16 скокови и три асистенции, но тоа не беше доволно за Денвер, кој загуби со 89-103 од Далас.

Дончиќ за малку не стигна до трипл-дабл, откако натпреварот го заврши со 21 поен, 15 асистенции и осум скокови за неговата екипа.