Јокиќ со 20 поени го однесе Денвер до трет триумф против Минесота (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Денвер нагетс славеше со 120-111 против Минесота тимбервулвс за водство од 3-0 во плејофот на НБА-лигата, а повторно одличен настап имаше Никола Јокиќ.

Екипата на Јокиќ имаше добар почеток на натпреварот, по што Минесота се врати во игра во втората четвртина, но избраниците на Мајк Мелоун го надиграа ривалот во второто полувреме.

Јокиќ го заврши натпреварот со трипл-дабл, односно постигна 20 поени, 10 скокови и 12 асистенции за Денвер.

На останатите натпревари Атланта славеше против Бостон со 130-122, а Њујорк беше подобар од Кливленд со 99-79.